Постојната скопска и една битолска фирма неофицијално во трка за Испитниот центар во Битола

Министерството за внатрешни работи распиша јавен конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за Испитен центар Битола.

Јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање Лиценца за сообраќаен испитен центар на подрачјето на СВР – Битола, дознаваме е во тек и се спроведува согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Конкурсот беше објавен, откако на постојниот Испитен центар на подрачјето на СВР-Битола му истече лиценцата со важност од пет години.

Право на учество на јавниот конкурс, според важечките законски одредби има секое правно лице, кое ги исполнува условите предвидени во член 263 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и критериумите утврдени во Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар. Според предвидените законски прописи, стручна комисија треба изврши теренски увид над исполнетоста на потребните услови за добивање лиценца за испитен центар на пријавените правни лица, потоа врз основа на изготвената бодовна листа да изврши рангирање и избор на пријавените кандидати.
До сега, неофицијално дознаваме дека на конкурсот за Испитен центар пријавени се две правни лица: една битолска и една скопска (досегашната) фирма.

ПР Објава