Потресно сведоштво – Сосетката на Јелена Карлеуша раскажа што се случило кога Душко ги нападнал: „Плачеше и врескаше, се тресеше“
Јелена Карлеуша вчера во раните утрински часови го пријавила сопругот Душко Тошиќ за физички напад врз неа и нејзиниот пријател, поради што реагирала и полицијата.
По инцидентот во Дедиње, во кој, како што пренесуваат медиумите Душко Тошиќ ја нападнал Јелена Карлеуша и нејзиниот пријател, по што пејачката пријавила сопругот во полиција, се појави и сведочењето на нивната сосетка.
Пејачката само со куса објава преку Инстаграм побара приватност во овој, како што напиша, тежок момент.
- Ме разбуди викање и врескање и плачење на Јелена. Овде е отворен простор, сè се слуша. Викањето се слушаше на целата улица, беше страшно. Рекла: Пушти го, пијан си, ќе го убиеш! Таа повика и помош. Кучињата нервозно лаеја. Морничаво. Душко пцуеше, Јелена низ солзи рече да ги остави на мир и да излезе надвор. По некое време дојде патролата, дојдоа релативно брзо. Во куќата останаа некое време. Јелена плачеше, се тресеше … Очигледно беше дека доживеала силен шок. Имаше и едно високо младо момче. И тој делуваше збунето, па и тој си замина, а Јелена се врати во куќата. Се повеќе има семејно насилство. Страшно – изјавила сосетка која како што пишува Српски Курир побарала да не се фотографира бидејќи не сака проблеми во соседството.
Фото:Инстаграм