Повеќе од половина од човечкото тело не е човечко: „Твоето тело не е создадено само од тебе“

Човечките клетки сочинуваат само 43 отсто од вкупниот број човечки клетки. Останатите се микроскопски колонизатори, велат научниците.

Разбирањето на нашата скриена половина, нашиот микробиом, е клучно за разбирање на низа болести, од алергии до Паркинсонова болест.

„Тие се неопходен дел од нашето здравје“, вели професорката Рут Леј, директорка на одделот за микробиомски науки на Институтот Макс Планк. „Твоето тело не е направено само од тебе“.

Без разлика колку темелно се миете, секој дел и пукнатина на вашето тело е покриен со микроскопски суштества.

Тие вклучуваат бактерии, вируси, габи и археи (организми кои некогаш биле погрешно класифицирани како бактерии).

Ние сме повеќе микроби отколку луѓе

Најголемата концентрација на нашиот микроскопски живот е во темните длабочини на нашите црева, кои се лишени од кислород.

„Ние сме повеќе микроби отколку луѓе“, изјави за Би-Би-Си професорот Роб Најт од Универзитетот во Сан Диего.
Проценките за процентот на микроби во нашето тело се менуваат со текот на времето.

„Денес се проценува дека е приближно еден спрема еден, односно дека има околу 43 отсто човечки клетки во вкупниот број“, додава Најт. Сепак, генетски сме целосно инфериорни.

Човечкиот геном е составен од 20.000 гени. Но, ако на тоа се додадат гените од нашиот микробиомски свет, таа бројка се зголемува на помеѓу два и дваесет милиони микробиомски гени.

„Она што не' прави луѓе, според мое мислење, е комбинацијата на нашата ДНК плус ДНК на нашите микроби“, изјави за Би-Би-Си микробиологот Саркис Мазманијан од Калифорнискиот институт за технологија (Калтек).

Би било наивно да се мисли дека луѓето носат толку многу микробиомски материјал без никаква интеракција или влијание врз нашето здравје.

Науката брзо открива до кој степен тие играат улога во нашиот дигестивен и имунолошки систем, заштита од болести и производство на витамини.

Тоа е нов начин на размислување за светот на човечкиот микробиом. До неодамна, нашиот однос со микробите беше главно војнички.
Антибиотиците и вакцините се човечко оружје против оние кои предизвикуваат сипаници, микобактериска туберкулоза или против резистентни стафилококи.

Тоа спаси огромен број животи.

Златен рудник за информации

Но, научниците се загрижени за тоа каква штета им направи човечкиот напад на „лошите момци“ врз нашите „добри бактерии“.

„Во последните 50 години, направивме одлична работа во елиминирањето на заразните болести“, вели професорот Леј. „Но, затоа сме сведоци на големо зголемување на бројот на автоимуни болести и алергии“, додава тој.

„Тоа е последица на успехот во борбата против патогените микроорганизми, придонесовме за развој на нов збир на болести со кои сега треба да се справиме“, нагласува Леј.

Микробиомите се поврзани со воспалителна болест на цревата, Паркинсонова болест, можеби дури и депресија и аутизам, меѓу другото.

Научниците работат на претворање на микробите во нова форма на медицина.

Професорот Тревор Лоули од Институтот за геномика и генетика на Велика Британија е еден од оние кои се обидуваат да го развијат микробиомот на здравите луѓе и да го користат за лекување на пациенти.

„Постојат се повеќе докази дека „поправањето“ на микробиомот може да доведе до ремисија кај болести како улцеративен колитис“, рече Лоули.

Медицината за микробиом е во зародиш, но научниците мислат дека следењето на човечкиот микробиом наскоро ќе стане секојдневна појава што може да обезбеди златен рудник од информации за нашето здравје.

извор;nationalgeographic.rs