Позер: Мечка во САД „снимила“ повеќе од 400 селфиња (ФОТО)
Мечките обично ги поминуваат зимските месеци во своите дувла, но оваа мечка очигледно била надвор од хибернација и се забавувала пред камера
Камерите за детекција на движење ги користела мечка во Колорадо на најсовремен можен начин - селфи. Црната мечка била видно заинтригирана од камерата, па позирала во неколку пози.
Во градот Болдер, Колорадо, градските власти воспоставија контрола на дивиот свет, вклучувајќи ги елените, дабарите, орлите, па дури и рисот.
Мечките обично ги поминуваат зимските месеци во своите дувла, но оваа мечка очигледно била надвор од хибернација и се забавувала пред камера.
Од 580 фотографии, повеќе од 400 беа селфи од мечка.
Фото: Фејсбук