Познати, милионери, разгалени- Си имаат, си можат: Цело богатство за новогодишна елка

Изгледа дека колку повеќе имаме, толку повеќе сакаме. Парите го вртат светот, а со нив може да се купат многу нешта. Некои од богаташите се луди по купување на работи за кои наизглед не делуваат скапо, ама и тоа како се енормно скапи.

Познатите холивудски личности, ријалити sвездите и моделите вложуваат многу пари во новогодишни украси, па сакаат нивната новогодишна елка да изгледа што е можно пораскошно и бајковито.

Имено, некои од познатите личности вложуваат милиони долари за украсување и осветлување на својот дом и имот, така што истиот случај е и со елката, која секогаш треба да изгледа нереално.

Се чини дека славните се натпреваруваат во димензијата и раскошот на елката, а сестрите Кардашијан дефинитивно се во водство во оваа област.

Тие со години се синоним за претерување во сè, па затоа премногу ги украсуваат своите новогодишни елки и трошат премногу пари на тоа.

Најмладиот милијардерка во светот и член на кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер пред две години го ангажираше дизајнерот Џеф Литам да и дизајнира празнична декорација во луксузната вила во која живее.

Нејзината мајка Крис Џенер потроши 28.000 долари пред неколку години на украси за Божиќ кои траеја само еден месец, а зад ова семејство во трошењето пари на украси, не заостанува дури ни „кралицата на божиќните песни“, Мараја Кери.

Таа купува новогодишни елки исклучиво повисоки од пет метри и секогаш има неколку украсени новогодишни елки околу нејзината вила.

Поради песната „All I Want For Christmas Is You“, оваа пејачка секоја година е побогата за милион долари врз основа на авторските права, и оваа песна убедливо е најслушаната песна во светот за време на новогодишните празници.

Покрај споменатите дами, многу пари во огромни новогодишни елки вложуваат и ангелот на Викторија, Алесандра Амбросио, поп принцезата Бритни Спирс, манекенката Емили Ратајковски и многу други.

Во продолжние погледнете ги фотографии од најлуксузните новогодишни елки на познатите.

Ким Кардашијан

Кајли Џенер

Крис Џенер

Кортни Кардашијан

Клои Кардашијан

Џенифер Лопез

Мараја Кери

Бритни Спирс

Александра Амбросио

Дрејк

Емили Ратајковски

Миранда Кер

Извор: telegraf.rs