Познатиот 70 годишен моќник се ожени со 24 години помлада соруга: Ова му е трет брак кој целосно го промени
![](/media/main/2023/10/20231003103604.jpg)
Познатиот моќник Хулк Хоган (70) минатиот петок на Флорида се ожени со 24 години помладата Скај Џели. На церемонијата присуствуваа само најблиските, неговиот син Ник Хоган, како и нејзините деца. Ќерката на познатиот актер и борач, Брук Хоган, не можела да стигне на свадбата на нејзиниот татко, како што е официјално соопштено.
Хулк Хоган и Скај Дејли се венчаа во баптистичка црква. Таа носеше венчаница од модната куќа Rue de Seine и многу скап накит, обетки од осумнаесет каратно бело злато, со дијаманти, нараквица и привезок од истиот материјал.
Венчалните прстени на познатите младенци се проценуваат на половина милион долари, пишува TMZ.
-Мојот нов живот започнува сега, напишал младоженецот на Инстаграм покрај фотографијата од венчавката.
Парот е во врска од 2022 година, а Хулк самиот е поврзан со бројни скандали, како што е интимното видео со сопругата на неговиот (поранешен) најдобар пријател, за што добил 31 милион долари.
Хулк Хоган зад себе има брак со Линда, а тој брак траеше од 1983 до 2009 година, како и бракот со Џенифер Мекдоналд, со која беше во брак од 2010 до 2021 година. Тој е татко на две деца, Брук (35) и Ник (32), кои ги имал од првиот брак. Скај Дејли има еден брак и три деца од него.
Актерот Хулк Хоган, држејќи говор на свадбата на актерката Корин Немек и Сабрина Ноу, откри дека ја запросил Скај, три дена претходно на нејзиниот роденден. Беше доволно „луда“ за да каже да“, рече тој и нагласи дека младенците биле кумови на нивната врска бидејќи се запознале на забава, а Сабрина инсистирала тој да ја покани Скај. Свршувачката се случила во ресторанот Трама, пишува Daily Mail.
Фото:instagram/hulkhogan