ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ, а еве колку ќе чини годинава да се организира Штипска пастрамалијада

Околу 100 000 евра годинава ќе се потрошат за големиот штипски настан кој се одржува години наназад. Од таа сума 41 илјада евра ќе плати општината, а остатокот ќе го платат спонзорите.

Штипска пастрамалијада ќе донесе Петар Грашо како главна ѕвезда, додека публиката ќе ја забавуваат и Јордан Митев, Жаре Бербер и Дупер.

Оваа година на околу 30 штандови ќе се нуди штипскиот специјалитет, а се очекува посета на рекордно ниво.

Штипска пастрамалијада ќе се одржи на 20 и 21 септември.