Практиканти откриваат перверзни тајни: Од ангажирање проститутки до секс во канцеларија

СЕКОГАШ повеќето луѓе мислат дека практикантите на работа само прават кафе и озборуваат шефови, ама шокантните исповеди објавени на апликацијата Whisper откриваат дека со нив се случува нештодруго.

Службеници од целиот свет открија што прават луѓето, на кои малкумина им обраќаат внимание.Тие треба да прават и валкани работи. Во секоја смисла на тие зборови.

Еден иден лекар се пожали на неволја при вметнување на катетер, а друг се пофали дека е вистински господар во пронаоѓањето проститутки за неговиот шеф. Некои веќе не се практиканти, тие сега се асистенти, а тоа е затоа што спијат со шефот.

Еве ги најинтересните признанија на практикантите:

"Кога бев практикант, дел од мојата работа беше пронаоѓање проститутки за шефот. Знаев какви девојки му се допаѓаат и немав проблем да ги нарачам за него. Патем, тој беше судија".

.„Имав секс со шефот. Сега сум негов асистент“.

„Бев во долга тајна врска со судијата кај кој бев практикантка. Тој беше 38 години постар од мене“

„Видов како шефот ја ставаше хартијата од печатачот во неговата торба. Притоа, ме предупреди да не крадам ништо од канцеларијата“.

„Завршив стажирање во водечка ПР компанија во Менхетен. Бев пијан на интервју за работа“.

„Мојата луда шефица не натера да ја додадеме на Snapchat за да види што правевме, но она што таа не го знае е дека сите направија лажен профил за неа“.

"Мајка ми мисли дека сум бил на кампување цело лето, но вистината е дека добив стажирање во модната индустрија. Таа сака да станам доктор. Се плашам да и кажам што се случи".

„Кога ќе сретнам поранешни колеги од училиште, им велам дека работам во добро позната адвокатска фирма. Вистината е дека јас сум само практикант таму“.