Правеле забава за откривање на полот на детето и буквално предизвикаа ЗЕМЈОТРЕС (ВИДЕО)

Маж од Њу Хемпшир и се предал на полицијата откако активирал 36 килограми силен експлозив на забава по повод откривањето на полот на своето идно дете.

Експлозијата била толку силна што предизвикала помал земјотрес, а детонацијата се слушнала во другата сојузна држава.

Полицијата во Кингстон, град во близина на границата со Масачусетс, добила дојава за голема експлозија што се слушнала во каменоломот Тормео. Кога стигнале до местото на експлозијата, насобраните лица признале дека организирале забава со експлозив.

View this post on Instagram

A post shared by WBZ-TV 4 (CBS Boston) (@wbztv)


Семејството, наводно, сметало дека каменоломот е најбезбедно место за нивната забава. Жителите кои живеат во близина објавија дека нивните куќи се треселе од силината на експлозијата, а причинета е и мала материјална штета, пренесоа локалните медиуми.

Во експлозијата никој не е повреден, а човекот што го купил и запалил експлозивот и се предал на полицијата, пишува Гардијан.


Полицијата го открила и полот на детето - станува збор за момче.

Забавите за откривање на пол се популарни во Америка и честопати се поврзани со инциденти од сличен тип, бидејќи среќните татковци често активираат некој вид експлозив.


Фото: Youtube/Screenshoot/Твитер

Видео: Инстаграм