Правила за самоодбрана: Шест работи кои мора секој маж да ги знае и да ги научи

Годишната студија за истражување на криминалот во Британија откри дека стапката на грабежи на улиците во Велика Британија е зголемена за 28 проценти во минатата година. Ризикот од напад лесно може да се спречи со следење на некои од основните мерки за безбедност.

Одете самоуверено

Првото правило е самодоверба. Психијатрите откриле дека правилниот јазик на телото, како што е внимателно разгледување на место и самоуверено одење, го прават потенцијалниот напаѓач да размисли двапати пред нападот. Во повеќето случаи, напаѓачите бараат луѓе кои изгледаат исплашени затоа што се толку лесни за таргетирање. Еден од најдобрите трикови е самоуверено одење и секако бројни курсеви за самоодбрана.

Силата на потколеницата

Ако сте нападнати одзади, најефикасниот начин да се ослободите од напаѓачот е да ги спуштите петите на неговата потколеница. Оваа коска е многу цврста, но исто така е слаба точка кај најсилните луѓе. Забијте ги петите во долниот дел на ногата на напаѓачот и притиснете колку што е можно повеќе. Повеќето чевли се способни да предизвикаат болка и гребнатини.

Глава и нос

Друг добар потег на самоодбрана од напад на грбот е да ја зафрлите главата наназад и да го повредите носот на напаѓачот со тилот. Мора да бидете претпазливи, бидејќи вака можете да се самоповредите, особено вратот. Секој што доживеал удар во носот автоматски сака да провери дали крвари, а тоа ќе ви даде неколку скапоцени секунди за да избегате.

Напад на очите

Ако напаѓачот е пред вас, фатете го за уво и повлечете го кон вас, тогаш поставете го палецот цврсто наспроти окото. Потоа, ставете го палецот цврсто на главата на напаѓачот. Држењето уво на напаѓачот ќе го спречи да има добар преглед, а со среќа, тој инстинктивно ќе реагира и ќе ја навали главата назад, давајќи ви простор да избегате.

Фатете го за грлото

Една од основните техники на самоодбрана е зафатот на дишникот, делот од вратот под Адамовото јаболко. Обидете се да го притиснете прстот помеѓу Адамовто јаболко и градната коска, ако тоа го дозволуваат околностите. Ова движење ќе го спречи протокот на воздух во вратот на напаѓачот и ќе му го отежни дишењето.

Клуч

Кога шетате навечер, создадете навика да ги носите клучевите во едната рака, така што врвот на клучот е поставен на вашата дланка, а со самото тоа да стрчи меѓу прстите. За време на нападот, реагирајте силно и повредите го лицето на напаѓачот со клуч. Дури и ако не го повредите, исплашете го со овој остар предмет, па тој инстинктивно ќе го покрие лицето, а вие ќе имате можност за дополнителен удар или бегство.