Пред 30 повеќе години, хирург реши да се избори за отпишан пациент: Тогаш е создадена оваа ИСТОРИСКА фотографија, која го смени светот!

Во 1987 година, хирург одлучи да се бори за пациент, од кого сите кренаа раце затоа што тој беше „премногу стар“. Оваа фотографија го обиколи целиот свет, и очигледно, таа ќе биде актуелна засекогаш.

Познатиот полски кардиохирург Збигњев Религион, по тешката операција за трансплантација на срце што траеше цели 23 часа, продолжува внимателно да ја следи состојбата на пациентот на мониторот, додека неговиот асистент веќе паднал од замор на аголот од салата. 

Овековечената фотографија е навистина историска и е прогласена за фотографија на годината во „National geography“ - тоа беше првата успешна трансплантација на срце извршена во Полска. Поминаа повеќе од 30 години од операцијата, а пациентот на фотографијата доживеа длабока старост благодарение на лекарот кој му даде нов живот.

- Тој ми го спаси животот кога другите лекари рекоа дека ништо не може да се стори. Имав 61 година и другите лекари сметаа дека сум премногу стар - рече во една прилика Тадеуш Зиткиевич.

Легендарниот лекар Збигњев Релиџ почина во март 2009 година, по двегодишна битка со рак на белите дробови, на 71-годишна возраст.

извор:beograd.in