Пред да го изгубат целосно видот, 3-те дечиња родителите ги носат насекаде низ светот за да ги видат за последно убавините

Канадската двојка Едит Лемеј и Себастиен Пелетие имаат четири деца, од кои три го загубија видот скоро целосно поради генетско нарушување.

Целта на родителите сега е да го истражуваат светот со нив и да видат сè што можат пред да ослепат.

На нивното најстаро дете Миа и беше дијагностицирана ретката дегенеративна болест ретинитис пигментоза - генетско нарушување кое постепено води до губење на видот.

Набрзо на два сина им била дијагностицирана истата состојба.

Оваа болест води до прогресивно оштетување на видот... а во еден момент сигурно и до целосно слепило...

Болеста е апсолутно неизлечива на денешно ниво на медицина... и ништо не можат да направат за да спречат такво нешто...

- Не можеме многу да направиме - вели Едит, додавајќи дека нема лек или ефикасен третман за да се забави напредокот на болеста.

- Не знаеме колку брзо ќе напредуваат, но очекуваме дека до средината на животот ќе бидат целосно слепи - објаснува мајката.

Кога се соочиле со страшната вест, парот направил се што можел за да им помогне на своите деца да научат вештини кои ќе им помогнат да се справат со животот откако ќе го загубат видот.

- Мислевме - нема да им го покажеме слонот во книгата, ќе ги однесеме да го видат вистинскиот. Да се ​​потсетиме на најубавите сцени - истакнува Едит.

Затоа заминаа на едногодишно патување околу светот со своите деца.

На сликите тие јаваат слонови... хранат жирафи... се капат на брановите во морето... се воденат гледајќи огромни водопади... и брзо се движат низ Африка со сафари џипови...

Во Кападокија летаа со балони на топол воздух...

Некаде во Монголија...се возат со некој винтиџ воз... јадат некоја чудна локална храна...и се упатуваат кон Хималаите...

- Кога има ваква дијагноза, мора да побрзаме. Нема ништо подобро од патување. Не само што гледаат природна убавина, туку и поради запознавање со други луѓе и култури - вели нивниот татко Себастиен.

Набрзо почнале да собираат пари, а патничката каса им била наполнета целосно кога Себастиен ги продал акциите што ги добил од компанијата во која работи.

- Тоа беше како подарок на животот. Еве ги парите за патувањето - вели Едит Лемеј.