Предавството од блиски луѓе е најсилната болка: Експертите открија како да ја победите кога ќе доживеете предавство!

Предавството може да предизвика голема болка, особено ако сме го доживеале од некој кој ни е многу близок. Најчесто тоа е личност за која не сме можеле да замислиме дека ќе ни направи такво нешто.

Кога тоа ќе се случи, нашите чувства се измешани и често чувствуваме голема болка поради тоа што ни е направено. После вакво искуство, многу е тешко некому повторно да му верувате.

Иако можеби ќе ви биде тешко да го преболите предавството и повторно да му верувате на некого, сепак постојат одредени начини на кои можете да си помогнете. Психологот Реми Кукер и терапевтот Џесика Конквест објаснуваат која е траумата на предавството, како се јавува, но и како најдобро можеме да ја надминеме.

Во 1990 година, психологот Џенифер Фрид го осмисли концептот на траумата на предавството за да објасни што се случува кога луѓето или институциите од кои зависи поединецот ќе ја нарушат неговата доверба и благосостојба.

„Неверство, злоупотреба или заплашување на партнерот се само некои од примерите кои водат до нарушување на довербата во врската и создавање траума“, објасни таа.

Опсегот на трауми може да го опфати временскиот период од детството кога нашите потреби не биле задоволени до полнолетството, кога наидуваме на различни проблеми во односите со другите луѓе.

Траумата на предавството со себе носи неможност да се препознае ситуацијата што довела до развој на траума, но и да се разбере. Кога некој не изневерува, тешко ни е повторно да воспоставиме функционална врска со друга личност, да и веруваме, а често чувствуваме лутина и емоционални тешкотии.

За да препознаете дали сте во врска во која доживувате таква траума, експертите ве советуваат да си поставите неколку прашања, како што се: „Дали се чувствувам безбедно во оваа врска?“, „Дали сум емотивно заштитен?“, „Дали сум се чувствувам безбедно, имам ли потребата да се заштитам себеси, дури и ако се блиски луѓе?".

Многу луѓе се обидуваат да го игнорираат предавството од други луѓе затоа што мислат дека ќе им биде полесно. Сепак, тоа не е добро, бидејќи треба да бидете свесни и да размислите зошто некој така се однесувал со вас. Побарајте поддршка од пријателите и семејството, но исто така бидете свесни дека вие сте тој кој треба да работи на надминување на емоционалните тешкотии.

Доколку ви е потребно, не двоумете се да побарате помош од психотерапевт. Започнете да практикувате здрави рутини, како што се вежбање, јога или медитација. Најважно е да го правите она што го сакате и да одвојувате малку време за себе секој ден.

(Извор: Style / 24 часа)