Предизвикал скандал и снимал во живо: Поранешниот сопруг на Бритни Спирс упаднал на нејзината венчавка

Оние жени кои поминале низ пеколен развод знаат дека е многу тешко да се остави маж кој не сака да биде оставен. Знаат и дека никогаш на мир не можете да се разделите со љубоморен, одмаздољубив и бескрупулозен маж.

Бритни Спирс го има истиот проблем! Но, таа има проблем да избега од луѓето кои сакаат да ја искористат. Свесна за тоа, ја отпеа песната „Piece of Me“ во која наведува дека „сите сакаат дел од неа“.

Дека тоа е вистина говори и фактот што нејзиниот поранешен сопруг Александар Џејсон, со кој пејачката беше во брак само 55 часа, упаднал на нејзината венчавка.

Џејсон под изговор дека е поканет упаднал во приватен имот, а сето тоа го пренесувал во живо на Инстаграм.

Како што пишува „Мирор“, Бритни Спирс била огорчена од испадот на Александар Џејсон, првиот сопруг, кој бил уапсен по инцидентот.

Џејсон тврдеше дека таа му е прва сопруга и дека на церемонијата ќе присуствува на сила ако треба.

Адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт, за американските медиуми изјавил дека соработува со полицијата со цел правилно да го казни Александар за непријатностите што ги предизвикал.

Имено, поранешниот сопруг освен што упаднал на венчавката и ја повикал Бритни, тврдел дека пејачката сѐ уште е под контрола на семејството, а случајот со старателството врз животните одлуки и финансиите не завршил во декември.

Александар Џејсон веќе е уапсен поради малтретирање на неименувана жена во 2021-ва година и со години има проблем со законот и јавните испади.

Извор: stil.kurir.rs