Предности на патничко здравствено осигурување со покритие за Ковид-19
Патувањата може да бидат безбедни и сигурни и во време на Ковид-19 со соодветно патничко осигурување. За да се обезбедите за безгрижно патување потребно е да поседувате полиса која има точно дефинирани услови и целосно покритие за Ковид-19.
Токму вакво здравствено патничко осигурување со сигурно и точно дефинирано покритие за Ковид-19 нуди единствено Кроација осигурување.
Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита, чувство на безбедност и сигурност каде и да одите дури и во услови на пандемија. Така, полисата за патничко здравствено осигурување со покритие за Ковид-19 на Кроација вклучува покритие за трошоци за тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, медицински прегледи од страна на овластен лекар, потребни лекови дадени при болничко лекување, болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.
Покрај тоа, осигурувањето опфаќа и целосна асистенција од компанијата со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Достапно е како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Турција, Русија и Египет.
Патувањата од секаква природа се веќе неопходност по цела година апстиненција и одлагање на потребните деловни или приватни патувања. Летото е секако период за посета на разни дестинации, а само патничко здравствено осигурување ја овозможува потребната сигурност и безгрижност при секое патување и излегување од границите на државата. Со јасно и прецизно дефинирани услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. За повеќе информации јавете се на телефон 15 599 или испратете e-mail на contact@crosig.mk.