Прекугранична средба на постара двојка: Љубов во време на корона
Постара двојка станаа локалнo познати личности во време на коронавирус, поради нивната секојдневна прекугранична средба.
Инга Расмусен (85) од Данска и Карстен Тахсен Хансен (89) од Германија се среќаваат во близина на градот Авентофт, на пијалок и разговор, седејќи на препорачаната социјално безбедна оддалеченост.
Границата Германија-Данска беше затворена пред две недели среде избувнувањето на пандемијата.
Шенген-зоната во Европа - што овозможува патување без ограничување - за прв пат во 25 години повторно воспостави граници меѓу народите.
Но, оваа двојка нема да дозволи глобалната пандемија да ги запре.
„Тажно е, но не можеме да го промениме тоа“, изјави г-ѓа Расмусен за Дојче Веле.
Двајцата станаа локално познати личности за време на кризата, откако градоначалникот на локалниот град Тондер го забележа парот, додека се движеше со велосипед.
Двојката првпат се запозна пред две години, а повеќе од една година беа скоро секој ден заедно.Г-ѓа Расмусен вози до границата од нејзиниот град Галехус, додека г-дин Хансен го вози својот велосипед од Седерлуггум.
извор: BBC