Претседателот на Романија му носел девици на блудниот син, а тој секоја вечер силувал различна: Надја го поминала најлошото, еве како се спасила

Застрашувачка приказна за романската диктатура на брачната двојка Чаушеску и Надија Коменаси, која живеела во вистински кошмар.

Само замислете дека сте најдобрата атлетичарка во земјата во која живеете, па тогаш владејачката двојка одлучува да ве „намени“ за нивниот млад, арогантен и промискуитетен син.

Принудени сте да живеете и спиете со него, и се што ви останува е само тренингот. И додека тренираш, живееш. Како Аска и волкот.

Токму тоа и се случило на Надја Коменаси, која го воодушевила светот на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година. Таа потоа станала првата гимнастичарка која добила оценка 10 – за совршено изведување.

Таа стана хероина на комунистичка Романија, семејството Чаушеску беше маѓепсано, толку многу што сакаа да ја „присвојат“ така што Николае ја „намени“ за неговиот трет син - Нику.

Нику во Романија го нарекувале „принц“, тој бил наследник на неговиот татко, кој му ги доверил важните државни работи. Беше десет години постар од малата Надја, светска ѕвезда...

Но, тој бил женкар, алкохоличар и коцкар, се му било дозволено, никој не можел да му застане на патот...

„Но, тоа не може да се каже за најмладиот син на Чаушеску - Нику. Од неговите тинејџерски денови, Нику неконтролирано пиел и силувал. Силувал се што ќе посака, а волјата му била дива и незапирлива. Имаше дозвола да прави се што сака. Тој беше човек кој можеше да истрча на црвено светло, да убива луѓе на патот и да се извлече. Беше толку злобен што денес изгледа како момче од стрип“, напиша Џеј Нордлингер во книгата „Децата на чудовиштето“.

Се раскажувало дека Нику има право на „прва ноќ“ со ќерките на сите државни службеници, кои ги посакувал ...

Надја едноставно морала да биде со него, затворена во палатата на Чаушеску, од каде по наредба на Елена, мајката на Нику, можела да излегува само на тренинзи и натпревари.

Таа беше принудена да го дели креветот со синот на диктаторот. А Нику, кој беше 10 години помлад од Надја, доаѓаше пијан, ја малтретираше, и гасеше цигари на телото...

Подоцна се покажа дека Надја имала неколку абортуси.

Во Романија постојано живеела под притисок и надзор, одвреме-навреме била принудена да биде во друштво на Нику, додека во 1989 година, неколку недели пред романската револуција, таа избегала од земјата, ноќе, илегално преминувајќи ги границите на Унгарија и Австрија...

Таа заминала во Америка и се спасила.

Фото: Википедија
Извор: Stil.kurir.rs