„Претворивме барака во куќа од соништата за нас четворица“: Еве колку потрошиле за реновирањето

„Гледавме многу YouTube за да дознаеме како да правиме некои работи. Добро е што мојот сопруг знаеше што прави“, рече Кети и додаде дека отсекогаш сонувала за голем трем пред куќата, па го направиле тоа.

Брачен пар од Тексас во САД потрошил девет месеци работа и 16.000 долари (околу 14.700 евра) за да ја реновира старата барака што ја добиле од нивните баба и дедо. Од неа решиле со свои раце да направат дом од соништата и успеале во тоа.

Кејти и Мајкл Кребс имаат две ќерки, Каролина (7) и Харпер (4). Велат дека бараката била изградена во 80-тите години и се користела за складирање на се‘ и сешто. Многумина им велеле дека се „луди“ кога зборувале што планираат да направат со бараката. Денеска имаат убав дом полн со рустикален мебел на кој многумина им завидуваат.


Бараката од 26 метри квадратни немала одвод, водовод или струја, а сето тоа морало да се изгради. Целата боја била излупена, па и тоа го поправале. Кога ги завршиле основните работи, почнале да го уредуваат ентериерот.

Поставиле преградни ѕидови, додале прозорци и го обновиле покривот. Успеале да ја задржат изолацијата и оригиналните подови кои биле во одлична состојба. Се труделе да искористат се‘ и да фрлаат што помалку поради ограничениот буџет.

Како го монтирале погледнете во видеото:

Направиле две соби за спална и бања, а дневната и кујната ги споиле.


- Гледавме многу YouTube за да разбереме како да правиме некои работи. Сите рамки ги направивме сами, само ние, јас и Мајкл, со нашите две мали девојчиња покрај нас, добро е што мојот сопруг знаеше што прави - изјави Кејти.


Таа спомна како додале трем пред бараката, бидејќи за тоа отсекогаш сонувала - да има куќа со голем трем каде што може да седи и да ужива.

За да воведат струја, признава, сепак морале да викнат електричар за да ги приклучи на штекерот, а тие самите ги истегнале каблите низ куќата и ги поставувале таму каде што биле потребни за приклучоци и прекинувачи.


Семејството планира да живее во нивната мала куќа додека не се подготвени да се вселат во соседната „голема куќа“, која сега е во сопственост на бабата и дедото на Мајкл, пренесува The Sun.


Фото и Видео: Инстаграм