Приказната за старицата која продава цвеќе ќе ве расплаче: „Ја прашувам колку е букет, а една нејзина реченица ме скрши!“ (ФОТО)

Средбата на девојка со баба која продава цвеќе по белградските улици се споделува на социјалните мрежи и покажува дека за среќа е доволно малку

Приказната доаѓа од центарот на Белград, а заврши на страницата „Мој Белград“ и стана популарна.

Објавата и средбата на анонимната девојка со бабата продавачка на цвеќе ја пренесуваме во целост.

„Денес се шетав по булеварот и од 26-та улица видов една баба седи малку подолу од Правниот факултет и продава цвеќе, автобусот стои, а јас ја гледам како вика да ѝ дадат нешто и ги држи тие мали букети, но никој не ѝ обрнува внимание. Се симнувам на следната станица, се враќам кај неа, поминувам и се враќам и прашувам... Бабо колку е еден букет?

Таа вели: „Еве, овие три за 200 динари и баба да си оди дома“.

Велам не не, едно ми е доволно, еве 200 динари. А таа многу сакаше да ми ги даде другите две, реков не не, оваа е навистина убаво и доволно ми е. Завришивме со нејзиното „фала дете мое, ти посакувам сѐ најдобро на светот“.


Бабата е толку прекрасна, премногу добра, со чисто срце, убави очи и не многу запознаена со денешниот свет. Еден букет продава за 50 динари. Денеска многу ме трогна реченицата „еве ги овие три за 200 да си оди баба дома“, ја слушам и ги задржувам солзите да не почнат додека не го завршам разговорот. Навистина благородна баба која ми остави толку силен впечаток.

„Боже, каква тага што на оваа возраст треба да трпи и да седи таму на студ по цел ден“, гласеше еден од коментарите под објавата, а многумина прашаа дали бабата сѐ уште продава цвеќе на истото место за да ѝ помогнат.

Добрината е насекаде, понекогаш треба само малку да погледнете наоколу.

Извор: Курир.рс/Блиц