Принцот Хари го праша Обама какви гаќи носи: Ова беше хит
Поранешниот американски претседател Барак Обама во едно интервју од 2017 година за Би Би Си радио 4 на кое водител беше британскиот принц Хари, рече дека социјалните мрежи треба да промовираат различни гледишта на начин што „не води кон балканизација на нашето (западно) општество“.
Обама изјави дека вистинскиот предизвик е да се извлече максимум од можностите што ги нудат социјалните мрежи.
„Прашањето мора да биде како да се користи оваа технологија за да се овозможи полифонија, да се дозволат различни ставови, но не да се води кон балканизација на општеството и да се обезбедат начини да се најде заедничко гледиште“, рече тогаш Обама.
Good morning. Today's guest editor is Prince Harry. We'll be discussing the armed forces, conservation and mental health #r4today https://t.co/6NZpcoJcoo pic.twitter.com/1h8pucuJbQ
— BBC Radio 4 Today (@BBCr4today) December 27, 2017
Обама му рече на принцот Хари дека ја напуштил претседателската функција со мирно расположение, и покрај чувството дека многу важна работа останува недовршена, велејќи дека е „крајно ослободувачко“ што, по два четиригодишни мандата, конечно може да направи планови за секој ден наутро и да има време да разговара со неговата сопруга Мишел.
Во интервјуто, Хари поставуваше прашања поврзани со климатските промени, војската и менталното здравје, но и помалку сериозни, па го праша Обама дали носи боксерки или обични „гаќи“, на што не доби одговор туку само едно „Ох, ок“.
'Do I need a British accent?' @BarackObama is interviewed by Prince Harry for his guest edit of @BBCr4today. In this warm-up, the prince jokingly warns the ex-president he'll get "the face" if he pauses too long between answers #r4today pic.twitter.com/2887dGlJkG
— BBC Radio 4 Today (@BBCr4today) December 17, 2017
Сепак, Обама се согласи да каже дали повеќе ги сака Арета Френклин или Тина Тарнер, наведувајќи дека „Арета е најдобрата“, а исто така рече дека го сака Мајкл Џордан.
Во ова интервју, Обама исто така призна дека бил „опседнат“ со помагање во обука на новата генерација лидери и рече дека светот, според него, е на многу начини поздрав и побогат отколку што бил досега.