Принцот Вилијам е многу вознемирен по интервјуто на Меган и Хари

Принцот Вилијам е многу вознемирен од интервјуто што Меган Маркл и принцот Хари го дадоа за Опра, пишува „Сан“.

Извори блиски до Вилијам велат дека неговите рани околу заминувањето на Хари и Меган се уште се свежи и покрај тоа што помина околу една година откако парот замина во Калифорнија, а по последните коментари што ги дадоа во интервјуто, Вилијам веќе не знае што би помислил.

Му недостасува Хари, открива неговиот пријател - Откако помина чувство на лутина, сфати дека му недостасува брат му. Тие споделија сè во животот, канцеларијата, состаноците, се забавуваа заедно. Сепак, пријател на принцот Вилијам открива дека Вилијам сепак се надева дека неговиот однос со брат му во одреден момент ќе се подобри, и покрај фактот дека тој му е лут на Хари од порано, а особено со последните коментари за кралското семејство во кои тој и Меган ги обвини за расизам. Браќата се слушнаа по интервјуто, но нивниот разговор не завршил добро.

Покрај тоа, на Вилијам му пречи и фактот што Хари рече дека Вилијам и неговиот татко, принцот Чарлс, се чувствуваат како да се заробени во своите кралски должности. Вилијам, наводно, нема проблеми со извршувањето на своите должности и целосно ја прифатил улогата.

Напротив, според англиските медиуми, неговиот однос со кралицата Елизабета од ден на ден е се подобар и подобар, со оглед на тоа што Вилијам по интервјуто прв го бранеше кралското семејство. Неговата врска со неговиот татко е исто така подобра, имајќи предвид дека секој ден Вилијам гледа се повеќе и повеќе сличности меѓу него и татко му.


Фото: FoxNews