Природен феномен или нешто друго? Сина светлина се појави на небото над Акапулко по земјотресот, луѓето гледаа во неверување!

Силен земјотрес синоќа ја погоди областа во близина на пацифичкото мексиканско летувалиште Акапулко, објави американската геолошка служба УСГС.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Мексико Сити, оддалечен повеќе од 300 километри.

Јачината на земјотресот прво беше измерена на 7,4 степени според Рихтеровата скала, а USGS објави дека се работи за многу плиток земјотрес, 12,5 километри под површината на Земјата, што го зголеми ефектот на земјотресот.

Снимката што се појави на социјалните мрежи покажува дека по земјотресот на небото над Акапулко се појави сина светлина.


Снимката што се појави на социјалните мрежи покажува дека по земјотресот на небото над Акапулко се појави сина светлина.

Иако се појавија информации дека станува збор за експлозии на далноводи, можно објаснување е дека ова е природен феномен што се случува при посилни земјотреси.


Имено, кога тектонските плочи се тријат една од друга, се создава електричен полнеж долж вертикалните канали, кој може да патува кон површината и во интеракција со атмосферата може да создаде светлина.


Фото и Видео: Твитер