Приватниот авион на Роман Абрамович има противракетен состав: „Бандит“

Боингот 767-33A е исто толку отпорен на ракетите како и 'Air Force One'. Персонализиран е со позлата, спална соба со брачен кревет, комплетна кујна и сала за банкети за 30 лица.

Рускиот милијардер Роман Абрамович кој тежи 12- 15 милијарди долари и живее во голем страв од некого или нешто затоа што тој потроши 80 милиони од тоа богатство на неговиот трет Боинг кој има анти-балистички безбедносен систем. Се уште не се знае дали е запленет по Руската инвазија на Украина бидејќи богатството на поголемиот дел од руските тајкуни е или замрзнато или запленето.

Што ќе му ракетен авион, само Абрамовиќ си знае. Русинот дополнително го украси својот Боинг 767-33А со позлата, спална соба со брачен кревет, комплетна кујна и сала за банкети за 30 лица. И му даде на авионот име: „Бандит“. 

Роман веќе има еден Боинг 767-300 и еден Боинг 767-700. Сè на сè, неговата флота е во вредност од над 200 милиони долари. Јахтата  'Eclipse', која го посети Дубровник пред неколку години, вреди над 200 милиони евра.

Другите два „Боинг“ авиони на Абрамович се повеќе деловни, имаат конференциски простории и повеќе еднокреветни спални соби, но тие ги нема никаде на тоа „високо-технолошко“ ниво како „Бандит“, каде екипажот и патниците нема да се плашат од проектили од земја-  воздух и слични непријатни непријатели.