Продолжува еко-акцијата на Телеком за обнова на опожарените региони
Македонски Телеком ја продолжува еко–акцијата за обнова на зелените површиникојашто ја започна минатата година како дел од ESG агендата на компанијата. Оваа година, иницијативата за пошумување опожарени подрачјапродолжува во партнерство со Сојузот на извидницина Македонија, преку проектот „Боренка“.
Во последните две години, Македонија беше зафатена од повеќе од 500 шумски пожари со кои се уништени екстремно големи површини шума. Токму затоа потребна е масовна акција за пошумување, но и едукација за заштита на животната средина. Целта на партнерството е да се подигне свеста за заедничка акција кај населението и да се направи вистинска разлика во обновата на опожарените подрачја.
„Боренка“ е акцијаво која можат да учествуваат сите граѓани, како креатори на виртуелната шума и како волонтери за пошумување преку заеднички акции на општините и на Сојузот на извидници. На www.borenka.mk се наоѓа мапа на виртуелната шума каде што сите можат да нацртаат и засадат свое дрво. Во источниот дел ќе се создава магента виртуелна шума за која Македонски Телеком се обврзува за секое нацртано дрво да засади природно.
До крајот на годината, компанијата, заедно со Сојузот на извидници и Национални шуми, ќе учествува во заедничка акција за пошумување со која ќе го обнови зелениот појас во источниот регион.
Со заедничко делување може да се постигне повеќе, затоа заедно со нашите пријатели извидници, повикуваме на поголемо вклучување на граѓаните и компаниите за да се обнови зелениот појас на сите површини зафатени од пожарите. Како што ќе расте виртуелната шума, така ќе се зголемува и бројот на нови дрвца во природата.
Македонски Телеком ја започна еко–иницијативата за пошумување опожарени региони минатата година со акција за собирање стари уреди заедно со корисниците, коишто беа соодветно рециклирани во соработка со Нула Отпад. За вкупниот број собрани уреди компанијата засади нови дрвца. Односно, до сега се собрани над 20 000 стари уреди, а се засадени 25 000 нови дрвца.
Обновата на природните ресурси и намалувањето на електронскиот отпад се наша обврска и стратешки приоритет. Со партнерството со Сојузот на извидници на Македонија го прошируваме полето на делување и иницираме едукација и масовни акции за да направиме вистинска разлика.
ПР објава