Прогнозата на Бил Гејтс за коронавирусот: Ќе заврши за една до две години
Основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, преку својата фондација финансира медицински истражувања за наоѓање вакцина за коронавирусот, но не е премногу оптимистичен. Има некакви прогнози засновани на научни знаења, но не е ништо од тоа конкретизирано.
Тој сепак даде своја проценка и смета дека крајот на пандемијата луѓето ќе го дочекаат во различно време, во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или во богати земји како Соединетите Американски Држави.
„Нацртот на иновациите за подобрување на дијагноститеката, новите терапии и вакцини е всушност многу импресивен“, рече тој.
„И поради тоа мислам дека пандемијата во голема мера, особено во богатите држави, би можела да заврши веќе во 2021 годна. Во светот генерално тој рок ќе биде завршен до крајот на 2022“, истакна Гејтс.
Во интервјуто за магазинот Вајрд, Гејтс остро го критикува американскиот систем за тестирање на коронавирусот и искажа фрустрации за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација се однесуваат кон целата ситуација. Ова не е прв пат филантропот да ја критикува работата на Трамповата администрација за време на пандемијата.
Верува во развивањето вакцина, но истакнува дека некои вакцини ќе им помогнат исклучиво на богатите и развиените држави во светот.
„Оваа болест, според прелиминарните податоци на тестирањето на вакцината на животни и податоците од тестирањата во првата фаза, изглда многу излечлива со вакцина“, истака Гејтс.
Што се однесува до лекувањето на оние кои се веќе заразени, Гејтс зборува за антивирусните лекови како ремдесивир и кортикостероидот дексаметазон.
„Другите антивирусни лекови ќе ни дојдат за два до три месеци“, кажа тој и додаде:
„Антителата се исто така два до три месеци од нас. Веќе имаме некои фактори на подобрување во болниците, и тоа поради користењето на ремдесивир и дексаметазон. Останатите лекови ќе се додаваат на овие“, заклучи Гејтс.