Проколнат број 11: Зошто многу нумеролози се плашат од овој датум
Бројни трагедии се поврзани со бројот 11. Нападите на WTC,
Мадрид и Мумбаи беа на 11-ти во месецот, а на 11 март во 2011 година Јапонија беше погодена од разурнувачки
земјотрес и цунами во кои загинаа повеќе од 18.500 луѓе.
Но, ова е само една од многуте трагедии што го одбележаа бројот 11 во последните дваесет години. Така, на 11 септември 2001 година имаше напад на WTC, терористите нападнаа возови во Мадрид на 11 март 2004 година, а возови беа мета и во Мумбаи, 11 јули 2006 година
- Се чини страшно, но мислам дека немаше случајност во трагедијата што ја погоди Јапонија - изјави еден нумеролог по земјотресот и цунамито во Јапонија. Тој објасни дека 11 е крајно несреќна бројка.
- Двете единици во бројот 11 претставуваат постојана борба помеѓу доброто и злото. Меѓутоа, во таа борба, доброто никогаш не може да преовладува, па затоа доаѓа до израз постојаната беспомошност што на крајот ја зрачи таа бројка, и затоа е толку негативна - додаде таа.
Нумерологијата тврди дека енергетската вредност на бројот се мери според неговата големина. Значи, излегува дека бројот 1 има исклучително мала енергетска вредност, и две единици исто така.
Значењето на бројот 11 го проучувале и античките Халдејци. Според нивната нумерологија, бројот 11 е крајно несреќна бројка што носи проблеми во животот, несреќи, скриени опасности до разни искушенија, противници и предавства.
11 за неа значеше раѓање и смрт
Ванѓелија Пандева Димитрова Густерова позната под прекарот „Баба Ванѓа“ е родена во Струмица во 1911 година. Таа се прослави со исполнување на пророштво на Њујорк за WTC. Таа дури и ја претскажа својата смрт, на 11 август 1996 година.
Во серија координирани експлозии на 10 бомби во четири преполни патнички автомобили во Мадрид на 11 март 2004 година загинаа 191 лице. Збирот на цифрите на тој број на крајот дава 11. Нападите се сметаат за најголемо терористичко злосторство на исламските бунтовници во Европа.
Нападот на WTC е „полн“ со 11-ки
На 11 септември 2001 година, Ал Каеда ги нападна Соединетите држави со четири авиони во најсмртоносниот терористички напад, убивајќи скоро 2.977 лица, а беа повредени повеќе од 20.000. Два авиона удрија во кулите на WTC, третиот во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија откако патниците ги совладаа киднаперите. Авион на Американ ерлајнс кој падна во северната кула на WTC беше на летот 11.
Бомбите сеат смрт во Мумбаи
На 11 јули 2006 година, терористите поставија и активираа седум бомби во градските возови во индиската метропола Мумбаи, каде живеат 18,4 милиони луѓе и милиони патуваат со градски возови. Бомбите експлодираа со оддалеченост од 11 минути. Загинаа 209 лица, а повеќе од 700 беа повредени.
Во 2011 година, почина Џобс, Вајнхаус, Лиз Тејлор
Во текот на летото 2011 година, телото на Ејми Вајнхаус беше пронајдено во еден стан во Лондон. Познатата пејачка имаше само 27 години.
Актерката Елизабет Тејлор почина во март истата година, а во март почина и Нејт Дог, легенда на хип хопот.
Основачот на Ејпл, Стив Џобс исто така почина во октомври по долга борба со ракот.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил почина во декември, а 2011 година беше кобна и за Осама бин Ладен. Најбараниот бегалец беше убиен од американските специјалци во Пакистан во мај.
Фото: Youtube/screenshoot
Можеби ќе ве интересира:
Дали бројот на куќата може да биде извор на тага и страдање во домот ?! Проверете кој е ВАШИОТ!