Проколната делница на смртта: На местото каде загинаа 10 лица загина и Тоше, а познатите имаа страшни сообраќајки

Една од многуте сообраќајни несреќи се случија кај Славонски Брод, каде што животот го загубија дури десет лица.

На ова место животот го загуби и нашиот пејач Тоше Проески, а еве уште кои познати личности доживеаа страшни сообраќајни несреќи

Пејачката Ханка Палдум доживеала сообраќајна несреќа на автопатот кон Загреб, каде поминала без повреди, иако автомобилот бил целосно уништен. Таа имала сообраќајна несреќа на автопатот А3, кај градот Криж кај Иваниќ-Град.

На овој пат трагично загинаа македонскиот пејач Тоше Проески и хрватската актерка Долорес Ламбаша.

- Фала му на Бога што ме чуваше. Не ми се верува дека и јас излетав на тој проклет автопат, каде што загинаа моите колеги Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша. Не знам што не е во ред со тој пат, но не е нормално. Го видов знакот на Крстот и кога ќе размислам, тоа беше знак од небото - изјави тогаш Палдум.

Овие две несреќи се случија со разлика од шест месеци. Како што беше претходно напишано, овде се случуваат необјасниви сообраќајни несреќи, а официјалната полициска статистика брои повеќе од 2.000 несреќи што се случиле овде во последните 10 години. Застрашувачки се сведоштвата на преживеаните во сообраќајни несреќи на овој дел од патот.

Да потсетиме, несреќата во која загина Проески се случи на 16 октомври 2007 година, а со него во тој момент во автомобилот беше и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ.

За жал, несреќите не завршуваат тука. Имено, сопругата на актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, кој управувал со автомобилот, на 12 октомври 2014 година на ова место ја загуби својата сопруга во сообраќајна несреќа, додека тој преживе. Осуден е на една година затвор. Оваа пресуда е резултат на целосно признавање на вината и договор со обвинителството.

Фото:screenshot