Пронајде 600 МИЛИОНИ ЕВРА во буре за зелка: Ги врати кога слушнаа чии се

Овој земјоделец не ни сонувал дека може да стане богат. Додека копал на нива, нашол сино буре за ќување зелка, а кога ја отворил, се шокирал.

Хозе Маријан Картолос, 65-годишен земјоделец, пронашол 600 милиони долари во буре. Бидејќи добил дозвола да работи на таа фарма од колумбиската држава, тој не можел да ги задржи парите, што ги конфискувала колумбиската влада.

Колумбиската влада, презаситена од ова откритие, испрати јавна покана до сите земјоделци да ги ископаат своите полиња што е можно повнимателно, затоа што тие веруваат, според некои информации, дека сè уште има такви сини буриња за зелка во Колумбија полни со пари.

Наводно, според самата влада, ваквите буриња припаѓаат на славниот Пабло Ескобар, кралот на кокаинот и еден од најголемите мафијаши во светската историја. Сè уште не е јасно што ќе се случи со парите, но многумина шпекулираат дека на Хозе нема да му биде дозволено да ги земе парите и тие најверојатно ќе останат во Колумбија, а ќе бидат искористени за финансирање на социјални и економски програми кои им помагаат на оние во сиромаштија.

Се верува дека оваа вест ќе предизвика нова „златна треска“, и дека луѓето ќе одат во колумбиските села со секаква опрема за скенирање на почвата, во потрага по парите на Ескобар.

Сиротиот Хозе доби награда од 3.000 долари, како и државна гаранција дека ќе добие субвенција за бизнис на производство на палмино масло. Коментарите на социјалните медиуми варираат од шок до задоволство.

- Како можеше да предаде толку многу пари? зошто го пријавив тоа, луд човеку? - гласи едниот, додека другиот коментатор изразува гнев кон владата: - Како не се срамат да му дадат на човекот само 3.000 долари.