Пронајдено првото римско дилдо во природна големина, археолозите воодушевени: „Се користел, можете да видите...“
Тимот разгледа три можни теории, од кои сите се наведени во детален документ за дискусија објавен во списанието Antiquity
Археолозите веруваат дека можеби го пронашле единственото познато римско дилдо во природна големина, откриено во ров на најсеверните краишта на империјата.
Ако не се користел за сексуални цели, тогаш предметот стар 2.000 години можеби бил толчник за мелење зачини во форма на пенис во ерекција или елемент од статуа што луѓето ја допирале за среќа.
Она што дефинитивно не е е она што беше каталогизирано во 1992 година по откритието во римската тврдина Виндоленд во Нортамберленд: алатка за крпење.
„Морам да признаам“, рече високиот предавач по археологија на Универзитетот Њукасл, Роб Колинс, „дел од мене мисли дека се подразбира дека тоа е пенис. Не знам кој го каталогизирал. Можеби некој се засрамил поради тоа или не мисли дека Римјаните би направиле такви нешта“.
Ако мислеле така, не би можеле да згрешат повеќе со оглед на тоа дека дводимензионалните и тродимензионалните претстави на пенисот биле сеприсутни во римскиот свет, без разлика дали се на мозаици, фрески, украси на садови или како приврзоци што се носат околу вратот.
Фалусот пронајден во тврдината Виндоланд е долг 16 см, но, според истражувачите, веројатно бил поголем бидејќи дрвото има тенденција да се собира.
Испитуван е од истражувачи од Универзитетот во Њукасл и Универзитетот во Даблин, а анализата откри дека тоа е, во најмала рака, првиот познат пример на бестелесен фалус направен од дрво пронајден насекаде во римскиот свет.
Фалусот е пронајден во ровот заедно со десетици чевли и модни додатоци, како и отпадни производи како што се парчиња кожа и обработени рогови - можеби една од причините зошто се смета за алатка за крпеница.
„Она што го прави ова прво е тоа што не е мал, минијатурен фалус“, рече Колинс. „Тој е во природна големина. Исто така е важно бидејќи дрвото обично не „преживува“... не можевме да најдеме никакви паралели“.
Големината и несигурноста на функцијата се фасцинантни, рече тој. „Често во археологијата, кога ќе најдеме некој предмет, можеме да кажеме за што се користел. Тоа не беше случај за овој објект. Имавме многу интересни дискусии“.
Анализата покажа дека фалусот Виндоланда има значително помазни краеви, што покажува дека се користел за нешто во одреден временски период.
Тимот разгледа три можни теории, од кои сите се наведени во детален документ за дискусија објавен во списанието Antiquity.
Една теорија е дека се користела од сексуални причини. Тоа може да значи дека се работи за секс играчка, иако е потребна одредена претпазливост, рече Колинс.
„Понекогаш [дилдата] не биле секогаш користени за задоволство... тие можат да бидат алатка за тортура, така што јас сум многу свесен за употребата на терминот секс играчка. Се надевам дека тоа е она за што се користел. Тоа е највозбудливото и интригантна можност“.
„Ако е тоа така, според нашите сознанија, тоа би било првото римско дилдо пронајдено во археологијата. Знаеме од грчката и римската поезија и грчката и римската уметност дека ги користеле. Но, немавме никакви археолошки примери пронајдено, што само по себе е интригантно.
Друга теорија е дека предметот се користел како толчник, или за кулинарски цели или за мелење козметички или медицински состојки. Неговата големина би го направила лесен за користење, а неговата форма „ќе ја надополни храната или состојките со магични својства“.
Трета опција е тоа што требало да биде врежано во статуа што минувачите ќе ја допираат за среќа или да ја активираат заштитата од несреќа - што било вообичаено низ Римската империја. Имено, древните дрвени предмети често се користеле за да се одбрани злото.
Ако беше така, статуата веројатно ќе се наоѓаше во близина на влезот на важна зграда, но доказите покажуваат дека фалусот бил внатре или барем не во изложена положба надвор некое време.
Истражувачите се надеваат дека фалусот Виндоланда ќе поттикне пребарување на слични предмети во други збирки. Во меѓувреме, тој е изложен во музејот Виндоланда.