Пронашол тајна врата од хотелската соба, а она што имало зад неа ќе ви ја замрзне крвта: Сцената е како од хорор филм (ВИДЕО)

Многу луѓе по пристигнувањето во хотел детално проверуваат како изгледа нивната соба. Често се случува да се изнервираат од тоа што ќе го најдат, бидејќи обично тоа се индиции дека нивната соба не е уредена како што треба, и дека е валкана или дека нешто е скршено.

Меѓутоа, она што еден човек го пронашол во хотел во Чиле ќе ја замрзне крвта дури и на најхрабрите. Ја пребарал својата соба, а кога ѕирнал во плакарот го дочекало изненадување. Сè е снимено во видео, кое брзо стана вирално.

Во собата имало тајна врата во плакарот, која ја отворил со својата картичка, само за да види тунел зад неа.


Сигурно не му пречело да спие во соба во која некој може да излезе од тунелот во секој момент, но коментарите откриле дека се работи за тунел за земјотреси и дека тоа е вообичаена појава во хотелите во Чиле, што ги смирило загрижените.

Фото: Принтскрин/ Твитер
Извор: www.kurir.rs