Пропаднаа: Најмалку 2.000 пабови трајно ги заклучија вратите во Британија

Пропаднаа: Најмалку 2.000 пабови трајно ги заклучија вратите во Британија

Иако овој тип на објекти треба да започне со работа во средината на април, во Велика Британија, многумина не можат да продолжат таму каде што застанаа пред една година

Продажбата на пиво во британските пабови во 2020 година падна на најниско ниво од 1920 година, поради долгорочни и строги ограничувања што беа воведени со цел да се потисне ширењето на ковид-19.

И додека на пивото му истекуваше рокот, бидејќи објектите останаа со огромна количина на залихи што никој не можеше да ја консумира, така многу бизниси во земјата почнаа да пропаѓаат.

Овие податоци за прометот на пивото беа објавени во средината на февруари, кога британскиот министер за финансии, Риши Сунак, се соочуваше со зголемен притисок да стори нешто во врска со бранот затворање на компаниите во услужниот сектор.

Како и да е, ковидот си го направи своето. Пабовите и пиварниците треба повторно да ги отворат вратите во средината на април, но илјадници од нив не ја „преживеаја“ пандемијата, според угостителското здружение.

Оние што некако преживеале, секако ќе им треба финансиска поддршка, за период од неколку години. Многу пабови повторно ќе започнат да работат, но со големи долгови, рече Дејв Маунфорд од Форумот за британски пабови вчера.

Според извештајот, најмалку 2.000 пабови го ставаат клучот во бравата засекогаш. Иако земаа заеми за закрепнување, таа активност едноставно не преживеа. Маунтфорд вели дека останува и нејасно колку луѓе ќе се вратат во познатите британски локали.


Фото: Pixabay