Пукна базен на покрив: Водата течеше на минувачите (ВИДЕО)
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, тресејќи ги зградите во центарот на главниот град и стотици километри подалеку и ги нишаше луѓето на улиците. Едно лице загина кога се сруши фасада.
Американскиот геолошки инсититут соопшти дека магнитудата на земјотресот е 7,4 степени, а мексиканската сеизмолошка служба соопшти дека магнитудата била 7,5 степени.
Патем, на Твитер беше објавено видео на кое се прикажани последиците од земјотресот. Како резултат на потресот, оштетен е кровот на една зграда во Мексико Сити, по што водата, веројатно од базенот, започнала да тече по улицата како водопад и ги изненадила минувачите.
#sismo2020 #sismo | En la Roma Norte, el movimiento causó daños en la azotea de una edificio, del cual comenzaron a caer chorros de agua pic.twitter.com/LqA4fVKhBy