Пулмологот Несторовиќ: Можеби мажите кои ќе се вакцинираат ќе сакаат да ја замрзнат својата сперма
Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ, како гостин на српската телевизија „ТВ Прва“, откри дека не е против вакцините, иако има причини да се сомневаме во нивниот квалитет, но откри и која вакцина му е фаворит.
„Демек се како одобрени, но не одобрени. Беа одобрени со итна постапка затоа што е епидемија. Оваа вакцинација практично е сè уште продолжение на клиничките студии ширум светот. Сè уште немаме докази дека вакцината Фајзер штити од потешки форми на болеста и на нивната веб-страница стои дека процесот на тестирање на вакцините завршува на 1-ви јуни. И она што го пишува „Можеби мажите кои ќе се вакцинираат ќе сакаат да ја замрзнат својата сперма затоа што може да имаат проблем со плодноста“ е страшна реченица, а потоа продолжува дека „ефектот врз бременоста не е проучен затоа што студиите врз глувци не се завршени“ “, предупредува д-р Несторовиќ.
Тој лично повеќе верува во руската вакцина.
Според него, во суштина, сè е политика затоа што Русите им ја понудиле својата вакцина и технологија на ООН и на целиот свет, а тие не сакале ниту да разговараат.
„Сега, кога група научници од Оксфорд и Америка изјавија дека вакцината е направена многу сериозно, беа плукани на најстрашен начин. Русија е повторно главниот непријател на Западот. Повторно се слушаат некои воени труби, па затоа руската вакцина е одбиена. Тоа е практично истата технологија. Вакцините од Русија и Оксфорд имаат скоро иста технологија и јас го разбирам тоа здружување како начин Русите да влезат на пазарот “.