Работник на ресторан за брза храна откри „измама“: “Еве зошто во пијалоците секогаш ставаме многу мраз“
Речиси во сите ресторани за брза храна пијалоците се служат со многу мраз и тоа во неколку категории - мали, средни и големи, а дали некогаш сте размислувале за причината за тоа? Џејсон Мора, корисник на TikTok, го даде одговорот.
Инаку, тој е вработен во американскиот синџир Dunkin' Donuts, па ги знае сите трикови на големите ресторани за брза храна како McDonald's, KFC и слични. Тој вели дека количината на течност во средните и големите опции е практично иста ако нарачате со мраз.
„Земете чаша со кој било пијалок и ставате мраз во неа. Потоа истурете само течност од една чаша во друга, без мраз. Добивате само половина од количината на течност што би ја добиле доколку нарачате пијалок без мраз. Накратко, ако нарачате пијалок без мраз, течноста ќе ја наполни целата чаша. Ако нарачате пијалок со мраз, течноста полни само половина чаша бидејќи другата половина ја зафаќа мразот.
@jasonmora2 #answer to @flycon_hanzo This is a repost, I didn’t give this drink out Just showing how easy ice can fill up the cup #repost #dunkin #fypシ #fyp #xyzbca #ImoniCarly #BigComfy original sound - Jason
Неговото објаснување шокираше многу корисници, но имаше и такви кои рекоа дека одамна знаат за ова и дека никогаш не нарачуваат пијалоци со мраз бидејќи не сакаат да платат за таква „измама“.