Физичарот Роберт Вимер-Швајнгрубер, кој работел на истражувањето за радиокативност на месечината, објаснува дека нивото на радијација измерено на месечината е околу 200 пати поголемо од она на површината на Земјата и 5 до 10 пати повисоко од она за време на лет од Њујорк до Франкфурт. Ова е значителна изложеност за астронаутите кои во иднина би оделе на Месечината.
Сепак, станува збор за ниво на кое малата изложеност може да биде безбедна.
Си-ен-ен известува дека астронаутите на „Аполо“ носеле опрема за мерење на радијацијата на месечината но податоците никогаш не стигнале назад на Земјата. Сепак, сега е важно да се знае за зрачењето на Месечината бидејќи НАСА работи на мисии за испраќање на следните астронаути на Месечината.