Раскажа како е да се живее со мал пенис: Од срам ме интересира понижувачко порно
Големината на пенисот може да биде клучна во животот на мажите. Покрај приказната дека поголем пенис привлекува повеќе жени и означува поголемо сексуално задоволство, може да биде и клучен фактор за повисоко ниво на самодоверба. Како е да живееш со мал пенис, раскажа анонимен 22-годишен маж за „Гардијан“.
"Имав 15 години кога сфатив дека мојот пенис е под просечна големина.Од срам, се заинтересирав за понижувачка порнографија, во која жените ги исмејуваат мажите заради нивната големина и тоа дополнително ја разгоре мојата вознемиреност", призна тој.
Тој рече дека никогаш немал девојка заради тоа, но верува дека главната причина за тоа не е неговиот мал пенис, туку ниската самодоверба.
„Мислам дека во врската партнерите ги прифаќаат туѓите недостатоци, но имам слушнато приказни за девојки кои ги отфрлат младите мажи заради нивната големина на пенисот и потоа ги исмеваат пред другите“, додаде тој.
Открил дека во пијанството се осмелил да им пристапи на девојки, но дека тие го одбивале. Тој не ги обвинува затоа што вели дека и самиот би се отфрлил.
„Имам проблем со прејадување, јас сум интровертна личност и имам милион проблеми, и сите ги поврзувам со малиот пенис.“
Тој објави фотографии од пенисот на Редит, каде што корисниците истакнаа дека има неверојатно мал пенис.
"Сознанието дека мојот еректен пенис достигнува 10 сантиметри значително влијае на мојот живот. Мислев дека некој што ме сака ќе најде начин да го скрие мојот недостаток со помош на играчки или други техники, но со тек на време престанав да барам врска. Планирам да направам вазектомија (машка стерилизација) затоа што „Знам дека анксиозноста, дебелината и големината на пенисот имаат генетски компоненти. Не би сакал да имам дете, и да му го пренесам тоа“, заклучи тој.
извор: index