„Развојот на целосна вештачка интелигенција може да го означи крајот на човечката раса“

Во својата книга од 2002 година „Теоријата на сè: Потеклото и судбината на универзумот“, Хокинг се осврна на религијата и верувањето во Бог.

Стивен Хокинг, еден од најистакнатите астрофизичари на нашето време, го напушти светот збогатен со неговите научни придонеси, но и со неговите длабоки размислувања за иднината на човештвото. Дури и по неговата смрт во 2018 година, неговите зборови одекнуваат, потсетувајќи нè на клучните прашања и предизвици со кои се соочуваме.

Размислувања за религијата и Бог

Во својата книга од 2002 година „Теоријата на сè: Потеклото и судбината на универзумот“, Хокинг се осврна на религијата и верувањето во Бог. Тој напиша: „Со векови се веруваше дека луѓето со попреченост, како мене, живеат под проклетство од Бога. Па, претпоставувам дека е можно да навредив некого, но претпочитам да верувам дека сè може да се објасни на друг начин, според законите на природата“.

Хокинг продолжи да ја разгледува можноста за Бог: „Секој од нас е слободен да верува во што сака, а мое мислење е дека наједноставното објаснување е дека не постои Бог. Никој не го создал универзумот и никој не ја контролира нашата судбина. Ова ме доведува до длабок увид, веројатно не постои рај или задгробен живот, ние го имаме овој единствен живот за да го цениме величествениот дизајн на универзумот и за тоа сум исклучително благодарен.

Четири години пред неговата смрт во 2014 година, Хокинг издаде страшно предупредување до човештвото за потенцијалот и заканите што ги носи вештачката интелигенција (ВИ). Во интервју за Би-би-си, Хокинг рече: „Развојот на целосна вештачка интелигенција може да го означи крајот на човечката раса“.

Иако во тоа време технологијата само што почнуваше да се развива, Хокинг имаше визија за тоа како може да се развие и да влијае на нашите животи, особено ако ја надмине човечката интелигенција. Неговите зборови беа повик за претпазливост и обмислен развој на технологиите за вештачка интелигенција, свесни за можностите што ги носат, но и за потенцијалните опасности.