Реакција која го расплака светот: Сиромашен возач удри во луксузен автомобил

Необичната несреќа која се случила во градот Гијанг, во кинеската провинција Гуижоу ги растажи корисниците на Интернетот ширум светот.

Малиот трицикл удрил во задниот дел на луксузниот автомобил, чија почетна цена во Кина изнесувала 4,2 милиони јуана во Кина. Сево ова било камен околу вратот на возачот на трициклот, бидејќи според кинеските прописи оној кој ќе удри во задниот дел од другото возило автоматски е виновен за несреќата.

За работата да биде уште полоша, возачите на трициклите за достава не се осигурани, ниту лично, ниту на ниво на компанијата, па од сопствениот џеб мора да ја подмират штетата која ќе ја направат. Постојат многу тажни приказни возачите на трицикли, велосипеди и мини - комбиња кои банкротирале по сообраќајни несреќи. Јавноста барала нови закони со цел заштита на тие луѓе, но сето тоа досега било без резултати.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="und" dir="ltr">Maleni dečak uplakan nakon što je njegov motor sa prikolicom udario u skupoceni auto <a href="https://t.co/cICN8a8O3n">pic.twitter.com/cICN8a8O3n</a></p>&mdash; pensador (@sakriosamime) <a href="https://twitter.com/sakriosamime/status/952580460990926848?ref_src=twsrc%5Etfw">January 14, 2018</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

Затоа, фактот што овој возач плаче како мало дете по несреќата, иако оштетувањето на Ролс Ројсот е минимално, не може да не изненади. Меѓутоа, дури и малата поправка чини неколку годишни плати на сиромашниот возач на трицикл.