Рехабилитацијата по трансплантација на кожа трае од неколку недели до неколку месеци: Ова се најдобрите банки за кожа во Европа

По неколку дена од трагедијата во импровизираната дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, здравствената состојба на повредените пациенти, згрижени во македонските и странските болници е стабилна. Повеќе од 100 пациенти се на лекување во специјализирани центри во странство, додека останатите се под постојан надзор во државните и приватните болници во земјата.

Како што велат здравствените власти, по првата критична фаза која е веќе зад нив, третманот на пациентите влегува во следна фаза, која кај дел од повредените вклучува трансплантација на кожа. Некои пациенти веќе се подложени на овој сложен медицински зафат во странски клиники, додека здравствените власти во Македонија работат на набавка на кожни графтови од странски банки.

-Натамошните фази за пациентите со поголем степен на изгореници се висоспецифични и бараат специфично искуство и затоа се решиле да се праќаат пациенти во странство.На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете. Веќе сме во контакт со Фондација од Холандија која има банка на кожни графтови за да донесеме кожни графотви во Македонија за да почнеме да ја размислуваме реконструктивната фаза. Инаку, ние имаме околу стотина изгореници годишно на целата територија на Македонија во текот на една година, со тоа што тоа вклучува изгореници од пегла, од топла вода и од сите можни причини. Изгореници од пожар се најтешката категорија затоа што покрај оштетување на кожата вклучува и респираторни оштетувања. Од овие стотина случаи што ги имаме годишно, во последните четири години сме имале 28 случаи од кои шест со висок степен на изгореници, значи зборуваме за втор и трет степен на изгореници. Комплицирани случаи на изгореници со кожен графт сме имале вкупно 11 случаи и полесни изгореници со кожен графт трансплантација 11 случаи. Вкупно 28 случаи во четири години, изјави рече Клековски.

Повеќе за информацијата прочитајте на ФАКТОР.