Рицин, отровот кој се закани на Белата куќа: За малку ќе беа отруени политичари
Телевизијата CNN во саботата прва извести дека американските безбедносни агенции претходно изминатата седмица пресретнале писмо адресирано на претседателот Доналд Трамп кое содржело високо токсична супстанција рицин, која се добива од семето на рицинус. Рицинот бил потврден со теренси и лабораториски тестови, потврдиле изворите на телевизијата.
Мажот кој, според претпоставките на истрагата, би можел да биде личноста која го испратила писмото со отровната супстанција рицин адресирано до американскиот претседател Донадл Трамп, бил приведен при обид од територијата на Канада да влезе во САД, објави во неделата ноќта по средноевропско време телевизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на изводи во американските безбеднсни служби.
Според информацијата, приведувањето на осомничениот го извеле припадниците на Царинско-пограничната служба, која е во составот на американското министерство на внатрешна безбедност. Други поединости за случајот не се наведени.
Осомничениот, наводно, испратил и други писма до сојузните институции, откриени во различни установи, изјавил официјален претставник за NBC News во саботата.
„Бирото, заедно со своите партнери Тајната служба на САД и Поштенската служба за истраги го испитуиваат сомнителното писмо добиено во поштенски објект на американската влада. Во моментов нема индиции дека постои закана за јавната безбедност“, се наведува во кусото соопштение на FBI објавено во саботата.
Рицинот е протеински отров од растително потекло, односно соединение кои се добива од семето на рицинус. Доколку биде проголтан, може да предизвика гадење, повраќање, внатрешно крварење на желудникот и цревата проследено со откажувања на органите и смрт. За рицинот не постои противотров. Се користи во облик на прав, стапчиња, чад или киселиснки раствор.