Роберт Де Ниро: Со автостоп дојдов до Белград, а ме трогна потег на човек од Ниш

Низ годините низ Белград прошетаа најголемите холивудски ѕвезди. Благодарение на престижниот меѓународен филмски фестивал, ФЕСТ двапати во втората половина на 1970-тите беше и Роберт Де Ниро. Во првата прилика го промовираше класикот „Кум 2“, а вториот пат бил во Белград за исто така негово култното остварување „ЊуЈорк, Њујорк“.

Веќе подолго време се зборува дека маѓепсан од добрата атмосфера го водел орото пред новинарите и фоторепортерите во свечената сала на хотелот Метропол. Тогаш открил дека Југославија ја запознал уште како студент и дека ги посетил овие краишта со желба да види како живеат луѓето во социјализмот, пишува магазинот „Профил“. Со група студенти прво завршил во Грција, а потоа продолжил на север. Низ Србија поминал со автостоп.

„Немав пари, па застанував камиони на патот. Сакав да стигнам до Белград. Камионџија ме однесе до главниот плоштад во Ниш и ме остави таму. Врнеше, се стемнуваше, а јас се најдов сам во непознат град, среде ноќ. Сепак, сакав да го почувствувам животот како пулсира во Ниш. Не се чувствував поинаку од светот околу мене. Фармерки, маица, ранец на грб, пари во џебот“, рекол Де Ниро, пренесува Hello Magazine.

Ги запирал луѓето на улица, надевајќи се дека некој ќе го разбере, но - слаба придобивка од познавањето на англискиот јазик во тогашен Ниш. Тогаш еден случаен минувач рекол: „О, yes“, и му олеснило.

„Му реков дека барам место за престој, но да не биде во хотел. Сакам да видам како живеете. А странците престојуваат во хотели. Тој ми одговори „Добро, во ред“, и ме покани да одам со него. Ме одведе на мала улица, стигнавме до зградата, во многу обичен стан. Се појавија неговата сопруга и двете деца, поспани, само што станаа од кревет. „Ова е мојот стан, ова се мојата сопруга и децата. Можеш да преноќиш кај нас, ќе ти најдеме нешто за јадење“. Веројатно ми прочита комбинација од изненадување и задоволство на моето лице“, изјави тогаш Де Ниро.

„Сакавте да видите како живеат луѓето овде. Ако ви одговара, ќе ве примиме на гости“, му рекол домаќинот.

„Бев изненаден. Не очекував дека сосема непознати луѓе ќе ме прифатат така. Човекот ми рече да се чувствувам како дома. Оттогаш поминаа десет години, а се‘ уште се сеќавам на сè детално“, изјави познатиот актер далечната 1978 година, кога гостуваше на ФЕСТ и кога со новоснимениот „Таксист“ и продолжението на „Кум“ започна неговата блескава холивудска кариера.


Фото насловна: Youtube- screenshoot- The Late Show with Stephen Colbert