Роденденската желба ми е исполнета: Антонио Милошоски славеше роденден со децата и сопругата

Антонио Милошоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи го прослави 45 - от роденден. Не организираше некоја голема прослава, едноставно свеќичките ги дувна со неговата сопруга Симот и 5 - те деца, Дариа, Михаела, Илина, Давид и Филип.

„Цело е кога има сѐ - роденденската желба ми е исполнета со насмевките на најсаканите“ - напиша Милошоски покрај фотографијата, на која насмеани позираа со сопругата и наследниците.


фото: Фејсбук