Роди ме мајко, па фрли ме на ѓубриште: Буквално било вака, а потоа стана милионер
Роди ме мајко среќен, па фрли ме на ѓубриште, вели една стара поговорка. Дека најважно е да се родиш под среќна ѕвезда и дека подоцна се ќе биде во ред, без разлика како изгледа на почетокот, покажа и примерот на Фреди Фиџерс.
Роден е во 1990 година во Квинс, Масачусетс. Мајка му го оставила како новороденче и на ѓубриште. Кога имал само два месеци, бил посвоен од постар брачен пар Нејтан и Бети Фиџерс, кои не можеле да имаат деца и со години чекале социјалните служби да го одобрат нивното посвојување.
Денес, Фреди е извршен директор и основач на компанија вредна 70 милиони долари!
Детството на Фреди во семејството Фиџерс било оскудно, но среќно. Кога наполнил 9 години сакал компјутер, но Нејтан и Бети немале пари да му купат нов компјутер. Тогаш Нејтан решил на својот син да му купи половен Macintosh од 1989 година.
Беше бавен и застарен, но немале пари за подобар, а Фреди знаеше да го цени трудот и работата на своите посвоители, па не се смирувал додека не успеал сам да го подобри својот компјутер.
Неколку недели размислувал што да прави
Фреди го сакал токму тој компјутер, бидејќи Нејтан многу се трудел да му го купи, па по неколку недели решил да извади некои делови од радиото и да ги искористи за да го поправи компјутерот. Било успешно! Го чува до ден денес како спомен на својот татко, дури и продолжува да го користи.
Со текот на времето, тој станал толку добар во поправка на компјутери што како тинејџер, по завршувањето на часовите, почнал да работи во градот Квинси на поправка на државни компјутери. Тогаш имал само 12 години!
Токму во родниот град првпат пристапил на интернет, кој бил сè уште во зародиш, преку телекомуникациската компанија со која градот соработувал. Тој вели дека сакал да гледа колку е лесно да се изгради систем за мапирање, за да би можеле од Њујорк да го повикате Лос Анџелес.
„Сакав да изградам сопствена комуникациска мрежа. Но, кога видов колку чини инфраструктурата, помислив дека никогаш нема да можам да го направам тоа“, вели Фреди.
Можноста се појавила кога ја видел приказната за невремето во Алабама кое ја уништило ординацијата, оставајќи ги лекарите без никаква евиденција за пациентите. На само 16 години, Фреди покренал фирма за работа „во облак“ со компанија која работела со 70 клиенти и им дозволувала да ги складираат своите податоци онлајн.
Таткото како најголема инспирација
По завршувањето на средното училиште, тој го напуштил образованието и почнал да прави софтвери за компании. Еден од неговите изуми бил инспириран од неговиот татко кој страдал од Алцхајмерова болест.