РОМАН АБРАМОВИЧ И НЕГОВИОТ НАЈСКАП ПРИВАТЕН АВИОН ВО СВЕТОТ
Роман Абрамович веќе поседува приватен авион вреден 80 милиони долари со златни елементи, сала за забави, противракетен систем и многу повеќе.
Тој е горд сопственик и на мегајахтата Соларис од 610 милиони долари, која се состои од 48 кабини на осум палуби и е безбедна како Air Force One. Милијардерот неодамна купи Боинг 787-8 Dreamliner, со кој ја прошири неговата колекција вредна 1,2 милијарди долари.
Неговата најнова играчка е најскапиот приватен авион во светот, бидејќи моделот со 50 седишта може да се пофали со основна цена од 300 милиони долари.
Според гласините, дополнителни 102 милиони долари биле потрошени за опремата на џиновскиот авион. Авионот доаѓа со својата историја - направен е пред седум години за PrivatAir, швајцарски оператор. За жал, компанијата поднесе барање за стечај во 2018 година.
Овој авион може да прими речиси 50 патници, вклучувајќи десет безбедносни седишта, десет за персоналот и триесет за гости. Многу милионери не можат да си дозволат да купат цел авион, но многумина повремено би сакале да изнајмат авион. За да резервирате еден час лет со несомнено најлуксузниот Боинг 787 на светот, потребни ви се најмалку 74.000 долари (осумчасовен лет од Лондон до Њујорк би можел да чини околу 600.000 долари).
Боингот 787 Dreamline, направен за Роман Абрамович, доби приватен стан вреден како за еден крал, како и гардероба, телевизор и многу други скапи додатоци, како кабини за гости, луксузна трпезарија и посебна дневна соба. Според медиумите, приватната бања на Боинг 787 се простира на 230 квадратни метри.
Можеби ова е втор приватен авион на Абрамович по неговиот Боинг 767-33AER, но оваа прекрасна машина е прва во Русија!