Роналдо не платил за ботокс, дерматологот бара отштета: Еве колку му должи

На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата има заработено повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно. За ботокс!

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња му е должен на докторот Рошан Равиндран кој неколку пати го лекуваше додека играше за Манчестер Јунајтед.

Докторот тврди дека Роналдо му должи околу 50.000 евра и дека одлучил парите да ги собере на суд. Равиндран е дерматолог кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо како и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка.

„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, остана „затворен“ докторот и само потврди дека Роналдо има третмани со него.


Британските медиуми не можат со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред натпреварот против Словенија.

Роналдо пушти солзи во осминафиналето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го пропуштија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.

Фото: Инстаграм
Извор: Nova.rs