Руба краси, руба гнаси: Бездоминк влегол во берберница по брич, а излегол како модел од насловна страница

Запуштен бездомник влегол во берберницата барајќи од вработените брич за да си ја избричи брадата. Но вработените направиле нешто неверојатно со него.

Жоао Коељо Гимареш е бездомник во градот Гојанија во Бразил. Живеел на улица три години кога влегол во берберница и побарал брич за да си ја избричи брадата. 

Било јасно дека му треба многу повеќе од кратка фризура, па вработените решиле да направат нешто неверојатно. Тие целосно го средиле од глава до пети.

Кога Жоао влегол во берберницата, вработените му понудиле храна, но тој одбил и не сакал да биде товар.

Сепак, тие не се откажале и Жоао на крајот излегол од берберницата како нов човек. Освен нова фризура и брада, му купиле и ново одело и чевли. Изгледал како модел од списание. 

Вработените ги споделиле фотографиите на интернет, и тие станале вирални. Фотографиите ги видела и сестрата на Жоао, Марија, која го барала последните 10 години. Таа стапила во контакт со берберницата и договориле ненадејна средба.

Кога Жоао се вратил во берберницата, неговото семејство го чекало таму. Се гушкале и бакнувале, обидувајќи се да надополнат изгубени 10 години. 

Кога новинарите го прашале Алесандро, вработен во берберницата, зошто Жоао си заминал од дома, тој одговорил дека не знае, бидејќи „Тој секако има свои причини. Само сакавме да му дадеме малку достоинство во тој момент“.


Извор: новиживот.нет

Фото: Инстаграм