Русите се вратија на стариот демон: Од коронавирус се лечат со прекумерна доза на ВОТКА
Заглавени во тесни станови и се загрижени за влијанието на коронавирусот врз нивната финансиска состојба, многу Руси стравуваат дека ќе се вратат на старите демони.
„Кога ќе се најдам дома, мојата прва мисла е да бидам пијан“, вели Татјана од Москва, лечена од алкохолизам.
Не секој може да се справи со тоа за време на изолацијата“, вели 50-годишната бивша алкохоличарка, кој е трезна скоро седум години. И покрај репутацијата на Русија како нација склона кон алкохол, оваа лоша навика значително се намали во последните години, делумно заради агресивните владини кампањи против тешката потрошувачка на алкохол.
Според СЗО, потрошувачката на алкохол во Русија опадна за 40 проценти од 2013 и 2016 година. Истите податоци велат дека Русите пијат помалку во просек отколку денес Французите или Германците. Но, експертите предупредуваат дека под стрес би можеле да се вратат на старите навики.
Во првата недела од владините мерки за изолација, набавките на алкохол во Русија скокнаа за 65 проценти, објави агенцијата за истражување на пазарот ГфК. Ова се бројки слични на оние за време на новогодишниот период. Некои едноставно создаваат залихи, но има и некои што веруваат во популарниот мит дека алкохолот го спречува вирусот.
„Осумдесет проценти од луѓето во нашата анкета сметаат дека алкохолот обезбедува заштита од Ковид-19, но сосема спротивно - неговата прекумерна потрошувачка го ослабнува имунитетот и ги влошува хроничните состојби“, рече Султан Хамзаев, шеф на анти-алкохолната организација Собер.
Василиј Шуров, психијатар специјализиран за зависност, вели дека во неговата клиника, телефонот не престанува да ѕвони. Сите места во таа институција се полни или зафатени.
„Лабилни, вознемирени пациенти во изолација можат да започнат да пијат затоа што тоа е единствениот начин што им овозможува да се релаксираат“, вели Шуров. Затоа, Сојузната асоцијација бара да се воведат ограничувања за набавка на алкохол по лице, како и затворање на продавници за алкохоли.
„Постигнат е многу напредок во последните години, но сега се наоѓаме во вонредна состојба и ризикуваме да не успееме во сето тоа“, рече Хамзаев. Д-р Шуров, исто така, стравува што може да се случи кога изолацијата ќе заврши.
„Луѓето ги пропуштија велигденските празници, празниците на Први Мај. И одеднаш тие ќе можат да излезат и да пијат како да нема утре“. (Хина)