РУСКА ПОЛАРНА ЕКСПЛОЗИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ И НА МАКЕДОНИЈА: Ако прогнозата се оствари, ќе донесе екстремно ниски температури, вели Попоски
Според од она што можам моментално да го изјавам за јавноста е тоа дека, според она што се црта на прогностичките модели, од средината на овој месец, па во втората половина на истиот, Руска поларна експлозија и се заканува речиси на цела Европа, вклучувајќи го и Балканот, секако, и нашата Република Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Поларниот бран кој би се спуштил од Русија кон нашите краишта, секако, доколку се задржи ваквата ситуација на прогностичките материјали, би можел да донесе екстремно ниски температури на воздухот, кои долго време не сме ги имале на нашите простори.
Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, што значи дека јавноста навремено ќе биде информирана за секоја ново – настаната временска состојба на прогностичките материјали“, вели Попоски.