Рускиот „Попај“ со вазелин во мускулите би можел да остане без раце или глава

Русинот, кој го доби прекарот Попај поради вештачки надуените бицепси, лекарот го предупредил дека може да умре доколку не му ги извадат грутките од стврднатиот вазелин од рацете ...

Дваесет и петгодишниот Кирил Терешин почнал да ја пумпа оваа смеса во рацете пред неколку години, за да добие повеќе мускули, но сега е во опасност да ги загуби рацете, па дури и да умре доколку не се отстрани оваа супстанца. Еднаш веќе бил опериран за отстранување на дел од масата од трицепсот и сега повторно мора да оди под нож за да го реши проблемот со бицепсот.

Хирургот Димитри Мелников го предупредил пациентот дека ризиците од компликации на неговата состојба се многу големи, но доколку не преземе ништо, дефинитивно нема да си помогне. 

„Токсичната супстанца во телото во подолг временски период може да влијае на функцијата на бубрезите и да доведе до смрт“, додаде докторот. Следната операција на Попај ќе му го извади зацврстениот вазелин од левата рака, додека во една од неговите објави може да се види како Терешин оди кон скенерот, за лекарите да утврдат што се крие во неговите раце.

Како што објасни: 

„Наскоро ќе одам на многу комплицирана и тешка трета операција по ред. Не знам како ќе заврши“. 

Тој исто така призна дека згрешил што ја испумпнал оваа смеса во бицепсот, признавајќи: „Ги напумпав рацете кога имав дваесет години поради мојата глупост, едноставно не размислував за последиците“.

Терезин претходно изјави дека се чувствува виновен поради ситуацијата во која се наоѓа и дека е многу среќен што нашол хирурзи кои сакаат да му помогнат. 

„Требаше претходно да размислам за сите можни последици, тоа го знам и само јас сум виновен за се што се случува сега и што може да ми се случи. По извршувањето на првата операција на Кирил, Мелников рече: 

„Вазелинот ги заситува мускулите под ткивото на кожата и самата кожа. Сето тоа мора да се отстрани, но се надеваме дека ќе успееме да ги зачуваме вените, нервите и другите функции на екстремитетите. "

Докторот додаде: 

„Вазелинот не е наменет за инјекции, само за надворешна употреба. Кирил инјектирал околу три литри од оваа маст во секоја рака. Тој го стврднал мускулното ткиво, го блокирал протокот на крв и како резултат на тоа, неговото ткиво почнало да умира.  Силно е како дрво, толку многу што може да слушнете дури и многу необичен звук кога ќе ја допрете раката. Сето тоа го отстранивме, а пациентот се пожали на висока температура, слабост и силна болка при пристигнувањето“.