РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ НАПРАВИЈА ФАСЦИНАНТНО ОТКРИТИЕ: Погледнете што има на дното од најдлабоката дупка на Земјата! (ВИДЕО)

Под 'рѓосаниот капак, во средината на пустата тундра на полуостровот Кола, на самиот север на Европа, се наоѓа најдлабоката дупка на планетата Земја. Длабока е 12.262 метри, а ја истражувале советски научници во периодот од 1970 до 1989 година.

Наречена е супердупка и е ископана за научниците да откријат што има во „матката“ на нашата планета. Иако трошоците само за копање дупка беа огромни, научниците направија фасцинантни откритија.


На пример, на длабочина од седум километри, пронајдени се фосилни остатоци од едноклеточни организми, а вода е пронајдена приближно на иста длабочина.

Супер-длабокиот „бунар“ од Кола е најдлабоката дупка што некогаш ја направиле луѓето. Заради споредба, најголемата длабочина на океанот е измерена во ровот Маријана близу Јапонија и се наоѓа на 11.403 метри под површината на водата.